Џиновско гризли кренал карпа и почнал да го крши заштитното стакло на Зоолошката
Делот од зоолошката градина Апл Вали во Минесота во кој се наоѓале гризлите, привремено е затворен откако еден од трите мечки зел голема карпа и се обидел да го скрши стаклото зад кое стоеле посетителите.
Очевидците тврдат дека мечката неколку пати тропала по стаклото, кое од силината на ударите се оштетило, но не се скршило. Гризлите се сместени во внатрешниот дел, а подрачјето е затворено додека не се поправи стаклото.
Персоналот од Зоолошката засега не знаат која од трите мечки е одговорна за овој инцидент, но се сомневаат во Кенаи, возрасен мажјак кои инаку е немирен.
-Тој не знаел што прави. Само бил мечка - вели менаџерот на Зоо центарот.
Посетителите кои биле сведоци на овој несекојдневен настан велат дека мечките прво си играле и се бореле, а потоа еден зел карпа од дното на базенот и почнал да тропа по стаклото.
Ново на Сител
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот