-->
-->
Џикиќ: Очекувам тежок дуел со МЗТ Скопје
-->
Поранешниот македонски селектор и сегашен тренер на Партизан, Александар Џикиќ во пресрет на дуелот со МЗТ Скопје Аеродром изјави дека неговите избраници ги очекува тешко гостување со оглед на квалитетот на противникот.
- МЗТ Скопје во голема мера го смени составот на тимот во однос на минатата година. Тие имаат нов тренер и неколку квалитетни засилувања. Очекуваме тежок натпревар против тим кој е опасен и во рекетот и на надворешните позиции. Поседуваат поединци кои можат сами да го решат натпреварот, изјави Џикиќ.
Тој додаде дека тандемот под обрачите Лалиќ – Мејси е многу креативен и дека неговите играчи ќе мора многу да се фокусираат во одбраната за да ги сопрат акциите на ривалот.
Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Партизан, во рамките на 2.коло од АБА лигата ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ попладне со почеток од 17 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пронајдено бебе во контејнер во близина на Загреб
-
173 санкции за брзо возење
-
Силјановска Давкова ќе се сретне со со евроамбасадорот Гир и италијанскиот амбасадор Силвестри
-
ЦУК: Забрана за движење кај стрелиштето „Леково“, пожари во Кавадарци и Велес
-
Путин во посета на Кина на 16 и 17 мај
-
Синдикатот на просветни работници во Србија в четврток ја прекинува работата во сите училиштата поради загрозена безбедност
-
Герапетритис: Бараме усогласување со Договорот од Преспа, не е прашање на самоопределување, туку почитување на договореното
-
Неексплодирана рачна бомба пронајдена на улица во Демир Капија