Џејмс Ставридис можен кандидат за потпретседател на Клинтон

Тимот, кој ја води кампањата на кандидатката на Демократската партија за претседател на САД, Хилари Клинтон, ја разгледува можноста нејзин кандидат за потпретседател во трката за Белата куќа да биде пензионираниот поморски адмирал Џејмс Ставридис.
Шеесет и едногодишниот Ставридис моментно работи како декан на Факултетот за право и дипломатија „Флечер“ при Универзитетот „Тафтс“, а претходно беше главен командат на сојузничките сили на НАТО.
Веројатниот репуибликански кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп ќе го објави својот кандидатот за потпретседател в петок, најавија претставници на неговата предизборна кампања.
Според медиумите, меѓу можни кандидати за оваа номинација се поранешниот претседател на Претставничкиот дом, Њут Гингрич, гувернерите на Индијана и Њу Џерси, Мајк Пенс и Крис Кристи и пензионираниот генерал-полковник Мајкл Флин.
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
