Loading Video...
Свет
17. February 2022 - 12:29

Џамбаски во Европскиот парламент ги поздрави колегите со нацистички поздрав

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски предизвика скандал во Брисел откако напуштајќи ја салата во Европскиот парламент ги поздрави своите колеги со нацистички поздрав.

Џамбаски ова го сторил во текот на дебатата за пресудата на Европскиот суд на правдата со кој се критикува владеењето на правото во Унгарија и Полска. 

На ова реагираше претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола која на Твитер напиша дека фашистичкиот поздрав во Европскиот парламент е неприфатлив секаде и секогаш. Ваквиот потег е дел од  нашата најтемна историја и таму мора да остане, напиша на својот Твитер профил Мецола. 

На острите реакции не остана имун Џамбаски кој веднаш се обиде да го оправда неговиот потег. 

- Фактот што некој не се согласува со вас не значи дека е нацист. Се извинувам ако моето невино мавтање навреди некого, напиша тој на Твитер.