Џамбаски: Македонската азбука е создадена заедно со македонската нација во Москва во 1945 година
Бугарскиот пратеник во Европскиот парламент, Ангел Џамбаски, вчера изрази огорченост поради честитките на Руската амбасада во Скопје до македонскиот народ на 24 мај, Денот на светите браќа Кирил и Методиј.
Бугарија за прв пат го одбележи Денот на бугарското писмо, додека порано овој ден беше наречен Ден на словенската писменост, бугарското образование и култура, но минатата година официјално беше преименуван во Ден на светите браќа Кирил и Методиј, бугарско писмо, образование, култура и словенска литература.
Предлогот празникот да се нарече Ден на бугарската, а не на словенската писменост, дојде од ВМРО БНД.
Според партијата, оваа иницијатива има цел празникот да се огради од обидот на Скопје да ја присвои кирилицата.
Руската амбасада во Македонија им го честиташе празникот на Македонците, повикувајќи се на зборовите на рускиот претседател Владимир Путин, кој објави дека писменоста во Русија пристигнува од Македонија, пренесува „Спутник“.
По тој повод, Џамбаски изјави дека македонската нација се појавила во 1945 година.
„Тоа е еден од вашите најсрамни фалсификати и најтажни. Писменоста и православието пристигнаа во денешна Русија од Бугарија. Тоа е факт. ‘Македонската азбука’ е создадена заедно со македонската нација во Москва во 1945 година. Таа лага е најголемиот срам. Засрамете се“, и пораче Џамбаски на Руската амбасада.
Руската амбасада во Македонија им го честиташе празникот на Македонците, повикувајќи се на зборовите на рускиот претседател Владимир Путин, кој објави дека писменоста во Русија пристигнува од Македонија.
Ново на Сител
-
Постапки против дилери на марихуана во Велес и во Скопје
-
Втора ноќ по ред неидентификувани дронови надлетуваа над воените бази во Данска
-
Претставен Меморијалниот парк во Тетово во спомен на загинатите во модуларната болница | ВИДЕО
-
Поранешен кинески министер за земјоделство осуден на смрт поради корупција
-
Г.г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си
-
Романец со сила одзел златен ланец на лице во Ѓорче Петров
-
Кривична против 28-годишен скопјанец, в затвор му нашле марихуана
-
Го прекинале кабелот кој водел до електричното броило и направиле штета на ЕВН од 1.377.911 денари - кривична за две лица