Џаферовиќ: БиХ не ги признава референдумите на проруските сепаратисти во Украина
Босна и Херцеговинане ги признава, ниту ќе ги прифати резултатите од сепаратистичките референдуми спроведени во деловите на Украина под руска окупација, потврди денеска претседавачот на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ.
„Таквите референдуми, Босна и Херцеговина никогаш нема да ги признае, бидејќи немаат правна основа, претставуваат груб напад на Повелбата на ОН со цел насилна анексија на територијата на суверена држава, а, на крај, освен нелегалноста, овие референдуми недемократски ги прави и тоа што се одржуваат во услови на воена окупација“, се наведува во посебната изјава доставена до медиумите од кабинетот на Џаферовиќ.
Тој тврди дека, согласно претходно усвоените позиции за војната во Украина, БиХ доследно го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на државата и ќе остане дел од апсолутното мнозинство на меѓународната заедница, која низ резолуцијата на Генералното собрание на ОН за агресијата врз Украина и други акти, го потврди ова определување.
Претходно српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик даде поддршка за референдумите организирани од проруските сепаратисти во Украина.
Ново на Сител
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени
-
Компаниите од штипската тир зона не се заинтерсирани за вклучување во дуалното образование
-
Дел од еколозите против издавањето на езерото под концесија
-
Преглед на вестите од светот