Џафери-Зибери: Извештајот на Народниот правобранител наскоро пред пратениците
Актуелните состојби и прашања како и активностите од работата и надлежностите на Народниот правобранител, биле тема на рзаговор меѓу претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, и Народниот правобранител Насер Зибери на денешната средбата по повод предавањето на Годишниот извештај за работата на Народниот правобранител за 2020 година.
На средбата, како што соопшти прес службата на Собранието, присуствувала и Сузана Салиу, заменичка на Народниот правобранител, а омбудсманот Зибер меѓу другото, зборувал и за кадровските прашања во институцијата која ја претставува, за природата и бројот на поднесените претставки кои граѓаните ги доставуваат со намера на остварување и заштита на нивните граѓански права како и за влијанието на пандемијата со Ковид – 19 во природата на поднесените претставки и работата на институциите.
Џафери и Зибери констатирале дека односот на институциите Народен правобранител и Собрание на Република Македонија е добар, ефикасен и коректен во однос на Годишниот извештај. Џафери истакнал дека пратениците ќе бидат информирани навреме и дека се очекува и отпочнување на собраниската процедура за разгледување на Извештајот и усвојување на препораките што ќе произлезат од него.
Ново на Сител
-
Во изминатите 24 часа 33 пожари на отворено од кои 16 се изгаснати, а пет под контрола
-
Израел почнува „тактичка пауза“ на воените дејствија во три области во Појасот Газа
-
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на Македонскиот фолклорен фестивал Преспа
-
Официјално: Ѓекереш нов играч на Арсенал
-
Македонија по втор пат подобра од Швајцарија
-
Сончево и топло, попладне услови за дожд
-
Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, демантира МВР