Џафери: Во понеделник би можело да се знае кога ќе расправаме за Информацијата за францускиот предлог
На редовната понеделничка координација во Собранието ќе се разговара за тоа кога би можело да се одржи пленарната седница за Информацијата за содржината на предлог – преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европска Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европска Унија на 30 јуни 2022 година. Претседателот на Собранието Талат Џафери за МИА изјави дека за тоа ќе се разговара на координацијата на која како владин претставник ќе присуствува вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ.
-В понеделник имаме координација на која ќе присуствува и владиниот претставник и ќе разговараме. Ќе се направи проценка. Материјалот е дојден во Собранието, но во понеделник треба да почне седницата за ребалансот на Буџетот, вели Џафери.
Појаснува дека пленарната седница со единствена точка на дневниот ред за ребаланс на Буџетот, треба да трае најмногу пет дена и е закажана согласно роковите и оти мора да почне, но доколку има потреба ќе биде прекината и ќе биде закажана нова седница на која на дневен ред би била Информацијата испратена од Владата.
Имајќи предвид дека до Собранието беше испратена само Информација, а не и документите односно францускиот предлог, Џафери вели дека сите документи се веќе јавно достапни и секој може да ги види.
Информацијата за содржината на предлог – преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европска Унија Владата до Собранието ја испрати вчера. Согласно процедурите, материјалот е доставен до пратениците, но во него не се содржани францускиот предлог и пропратните документи.
Ново на Сител
-
Тешко повреден 16-годишник на мопед откако автомобил удрил во него
-
21-годишник од Неготино криумчарел пет мигранти
-
Мицкоски: Првпат на месечно ниво имаме базична инфлација во негатива
-
„Нeшто што ќе остане“ на 13 септември во Паркот на франкофонијата
-
Депонијата Дрисла се уште гори, густ чад се шири во пошироката околина
-
Жена од кавадаречко предизвикала пожар на отворено палејќи стари предмети
-
Турчин тешко повреден додека работел во фабрика во неготинско
-
Нестабилно време со повремен дожд и грмежи до крајот на неделава