Џафери во официјална посета на Турција
Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери од утре ќе престојува во официјална посета на Република Турција.
Во рамки на посетата предвидено е да има средби со неговиот турскиот колега, спикерот на Големото национално Собрание на Турција Исмаил Кахраман, со потпретседателот на Владата на Турција Хакан Чавушоглу, и со претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган.
Џафери ќе го посети Мевзолејот на Ататурк како и делот кој што беше бомбардиран во текот на обидот за државен удар на 15 јули 2016 година.
Турција е парламентарна демократија. Откако се формирала како република во 1923 година, Турција развила долга традиција на секуларност. Уставот е највисок правен акт во државата и тој ги наведува основните правила на владеење на државата и нејзините органи.
Дипломатските односи меѓу Македонија и Турција се воспоставени во 1992 година кога Турција ја призна нашата земја под уставно име
Ново на Сител
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Преглед на вестите од светот
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
-

Напаѓачите на 14-годишникот во Ченто осомничени за насилство врз дете
