Џафери во официјална посета на Австрија
Претседателот на Собранието Талат Џафери од денеска престојува во дводневна официјална посета на Австрија, во тек на која ќе има средба со неговиот домаќин, претседателот на австрискиот Национален совет Волфанг Соботка, информира собраниската прес-служба.
Џафери е придружуван од генералниот секретар на Собрание Цветанка Иванова и пратениците и членови на Групата за соработка со Австрија Реџаил Исмаили и Мери Лазарова.
Според агендата, покрај со Соботка се предвидува делегацијата да оствари средба и со потпретседателот на Сојузниот совет Магнус Брунер, со членовите на билатералната парламентарна група Австрија – Република Северна Македонија и претседателката Штефани Криспер и членовите на Комисијата за надворешно-политички работи со претседателот Андреас Шидер
Ново на Сител
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија
-
Партиите со честитки за Денот на независноста
-
Владата не верува дека линиите на Филипче може да бидат црвени
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
34 години независна Македонија
-
Сиљановска: Нема услов кој Македонија не го исполнила