Џафери со честитка по повод празникот Свети Сава
Претседателот на Собранието, Талат Џафери по повод празникот Свети Сава упати честитка до припадниците на српската заедница во Република Македонија.
– Честитки до сите граѓани припадници на српската заедница со желби за убав празничен ден, поминат во мирот и спокојот што го нуди семејниот дом исполнет со блиски и драги луѓе. За жал, сè уште над сите нас виси опасноста од пандемијата со КОВИД-19, на која се надоврзуваат и очекуваната економска и енергетска криза, што е само уште еден мотив повеќе да се сплотиме и да споделуваме и добро и лошо, и кога сме успешни и кога сме поразени, се вели во честитката.
Џафери верува дека државата како заеднички, топол и безбеден дом е земја во која најдобро се изразуваат посебностите, сепак обединети во една единствена целина во која секоја заедница е вреден дел кој на несебичен начин придонесува со тоа што најдобро може.
Во случајот со Македонија, тој додава дека тоа е заемната почит, разбирање и обединување околу најважната заедничка цел – напредна и успешна држава, безбеден и атрактивен дом за идните генерации.
Ново на Сител
-
МВР: Постојат основи на сомневање за можниот сторител на убиството во Тетово
-
На Табановце за влез и за излез во земјата се чека половина час
-
Побарани обдукција и снимки од видеонадзор за убиството во Тетово
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Поскапуваат патарините во Србија
-
Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија
-
ЦУК: Седум пожари и 1.837 повици на 112 во последното деноноќие
-
СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата