Џафери се уште не ја примил иницијативата за референдум

Претседателот на Собранието Талат Џафери се уште ја нема примено иницијативата за започнување на процедура за утврдување на уредноста на иницијативата за собирање на граѓански потписи за почеток на Референдумот што го најави ВМРО-ДПМНЕ, соопштија од неговиот кабинет.
– Џафери е надвор од државата. Во моментот кога ќе ја прими ќе бидете информирани на време, посочуваат од таму.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска официјално ја поднесе иницијативата до Собранието. Координаторот Никола Мицевски денеска изјави дека собале околу повеќе од 650 потписи за референдумот за не повеќе од половина час.
Мицевски појасни дека поентата е да ги слушнат граѓаните во државата во врска со прашања што ги тангираат, како од меѓународната политика, така и од економијата и секојдневното живеење.
Во однос на тоа кои ќе бидат следните чекори доколку претседателот на Собранието ја прогласи иницијативата за неуредна, тој одговори дека внимавале со самото прашање и како ќе биде правно-формално напишана и доставена до Собранието, а дококолку не го помине првиот филтер, Мицевски рече дека „се надева на свеста на пратениците од владејачкото мнозинство“.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, ги повика премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на државата Стево Пендаровски „да не опструираат преку Талат Џафери“ и истакна оти референдум мора да има
Ново на Сител
-

Ние сме против ад хок зголемување на плати без раст на продуктивноста, велат од Министерството за економија
-

Тема на денот со Борис Георгиевски, Дојче Веле на македонски јазик
-

Мицкоски на средби со државни и бизнис делегации во Давос
-

Грипот и понатаму со бројки над 2000 случаи – досега три смртни случаи поради компликации од вирусот
-

Во струмичко-валандовскиот регион речиси двојно повеќе заболени од грип во однос на лани
-

Скратени часови во „Здравко Цветковски“ поради проблем со парното
-

Шилегов и Деспотовски контра Филипче, тој ги обвинува за соработка со власта
-

Застаре уште едно кривично дело на екс премиерот Груевски
