Џафери се сретна со генералниот секретар на ЦЕИ, Роберто Антоњоне
Информации и мислења околу досегашната и идна соработка на Македонија во рамките на ЦЕИ биле разменети на денешната средба на претседателот на Собранието, Талат Џафери, со генералниот секретар на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), италијанскиот сенатор Роберто Антоњоне, кој престојува во работна посета на Република Македонија.
Џафери изразил уверување дека со успешното затворање на спорот со Република Грција, како и нашето членство во НАТО и ЕУ, на некој начин во голема мера полека ја исполнуваме и мисијата на ЦЕИ, а тоа, каско што рекол, е пред сѐ европското интегрирање на Регионот на Западен Балкан, како и зајакнувањето на соработката и добрососедската политика како клучни фактори за развој на земјите од Балканот.
Тој го потенцирал и фактот дека улогата на парламентарната соработка во рамките на ЦЕИ е од големо значење и нагласил дека парламентарната делегација на Собранието на Република Македонија активно ќе продолжи да учествува во работата на парламентарната димензија на ЦЕИ и во наредниот период, затоа што, според него, со тоа се отвораат многу можности за директна и непосредна комуникација и соработка меѓу државите на сите полиња.
Генералниот секретар на ЦЕИ, сенаторот Роберто Антоњоне, изразил задоволство од средбата со т Џафери и упати честитки за, како што рекол, големиот успех што Македонија го постигнала како држава во решавање на спорот околу името со Република Грција и отворањето на нашиот пат кон Европа.
Тој изразил надеж дека овој пристап на решавање на отворените прашања меѓу соседите ќе биде пример за сите други земји во Регионот, а нагласил и дека ЦЕИ како иницијатива за поврзување и интегрирање на земјите од Регионот кон европските вредности, претставува еден вид алатка преку која државите полесно може да ја артикулираат и реализираат својата политика за стабилизација и интеграција.
Ново на Сител
-

Директорката Гиновска: Усје работи согласно законот, Владата се уште нема одлучено дали ќе го дислоцира
-

Законот за работно ангажирање стапи во сила
-

Мицкоски: Ако сакаме место на Шангајска листа, бројот на научни трудови мора да се зголеми десеткратно
-

Тошковски: Кокаин вреден милион евра запленет во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Загадувањето доаѓа од домаќинствата
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички

