Џафери се обрати на 140. Собрание на ИПУ
Во минатото имавме многу бурни периоди, за жал и воени судири кои во голема мера се темелеа токму на непочитување на човековите права и слободи, на многу предрасудии стереотипи, за жал присутни и во образовниот процеси. Денеска, заедно со нашите соседи, преку заеднички комисии работиме на тоа тие предрасуди, стереотипи и извитоперени историски дејства да ги отстраниме од учебниците и образовниот процес. Мислам дека ова ќе биде добро, не само за регионот туку и пошироко, а и тука националните парламенти може да имаат многу позитивен и конструктивен пристап.
Ова денеска го истакна претседателот на Парламентот Талат Џафери, кој се обрати на 140. Собрание на Интерпарламентарната унија на тема „Парламентите како платформи за зголемување на едукацијата за мир, безбедност и владеење на правото“ што се одржува во Доха, Катар.
Како што информира собраниската прес-служба, Џафери нагласил дека сите заедно даваме вистински придонес образовниот процес на регионално ниво, а и на глобално ниво, да обединува.
Претседателот Џафери се осврнал и на состојбата со едукативниот систем во нашата држава.
– Кај нас, според законот, образованието до ниво на средно образование е задолжително и секако бесплатно. Имајќи предвид дека ние сме мултиетничко општество, за најголемите етнички заедници, македонската и албанската, имаме обезбедено целосен образовен процес на мајчин јазик. Што се однесува до помалите етнички заедници како што се на пример ромската, турската, српската и други, државата обезбедува учениците минимум основното образование да го следат на мајчин јазик, а во некои случаи имаме обезбедено и средно образование на мајчин јазик, соопштил Џафери.
Според него, интенцијата е преку образовниот процес, младите покрај својата кутура, јазик и традиција, да се запознаат и со културата на другите. Тој нагласил дека заедно градиме едно општество за сите, но не преку процесот на асимилација, туку преку еден современ едукативен систем.
Ново на Сител
-
ЦУК: Од вкупно 22 пожари на отворен простор се уште активни се пет
-
Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија
-
Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути
-
Тошковски: Постапуваме за дивоградбите, имаме наредба од ЈО, резултати наскоро ќе бидат видливи
-
Обвинителството поднело жалба за мерката куќен притвор за 25-годишниот возач на мотоцикл што прегази маж на Кеј и избега
-
Бајач oд скопско наплатил 400.000 евра на брачен пар за да растури „зла магија“ направена на нивниот син | ФОТО
-
Националната мрежа на земјоделци смета дека откупната цена на лебното зрно од 12 денари е ниска
-
ЦУК: Осум пожари на отворен простор, четири се активни