Џафери: Очекувам седницата за уставните амандмани да заврши брзо
Претседателот на Собранието Талат Џафери очекува втората фаза од уставните измени да заврши околу 18 декември, по што би почнала третата и последна фаза од носењето на уставните амандмани. Целиот процес би се заокружил во средината на јануари.
Во Собранието утре започнува пленарната седница за уставните амандмани, за што неговите очекувања се дека ќе заврши побрзо од законски предвидениот рок.
– Утрешниот ден ќе даде појасна слика за тоа колку ќе трае дебатата на собраниската седница. Имајќи предвид дека опозицијата не учествуваше на собраниската Комисија, не очекувам сензационализам на самата седница, рече Џафери на средбата со новинарите.
По усвојувањето на уставните амандмани во Собранието за што е потребен 61 глас, предлагачот на уставните измени односно Владата треба да организира јавна расправа од три дена, по што има два дена да подготви извештај и петтиот ден да го достави до Собранието. Џафери потоа е должен во рок од 30 дена да закаже седница за финално носење на амандамните, за што повторно, како во првата фаза, е потребно двотретинско мнозинство.
За време на јавната дебата за уставните амандмани во земјата се очекува да престојуваат европратениците кои го иницираа „Жан Моне“ процесот во Македонија, во рамки на кој требаше да се одржи нова средба, но поради референдумот, а потоа и уставните измени се одложи. Деловникот за работа на парламентот и Кодексот за однесување, кои беа дел од темите на дискусија во рамки на овојх процес се очекува да бидат усвоени до крајот на годината или до средината на јануари.
Паралелно со уставните измени во Собранието тече и амандамната расправа за Предлог-Буџетот за 2019 година, која ќе биде прекината поради завршување на втората фаза од уставните измени. На 27 декември треба да се одржи последна седница годинава за поставување пратенички прашања, а Парламентот би одржал евентуално уште две седници, од која едната би била за годишно обраќање на претседателот Ѓорге Иванов, доколку побара.
Претседателот на Собранието потврди дека тој и неколку други пратеници се повикани во обвинителството во врска со истрага за неговиот избор за прв парламентарец на 27 април 2017 година. Тој, како што кажа, треба да биде распит во обвинителството на 4 декември.
Во врска со платата на Никола Груевски, кој е пратеник, и кој избега и доби политички азил во Унгарија, кажа дека се додека има мандат ќе му биде исплаќана плата, која ќе се намалува за пет отсто со секое отсуство.
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 5,2 степени во близина на Санторини – најсилен досега
-
Им се заканувале по живот на сопружници за да добијат 10.000 евра - тројца скопјани осомничени за изнуда
-
Наташа Беквалац ми беше како мајка! | Луна Бејков | Sitel Podcast 080
-
Вест Хем се обидел да го привлече Ендрик од Реал Мадрид
-
Реал Мадрид одби средба со раководството на судиите
-
Опасност од лизгање на земјиштето на Санторини поради зголемената сеизмичка активност
-
Пронајдени телата на сите 67 жртви од авионската несреќа во Вашингтон
-
Аргентина ќе го следи американскиот пример и ќе ја напушти СЗО