Македонија
29. January 2024 - 11:51

Џафери: Немам комплекс дали ќе си одам со „мерцедес“ или приватно

Талат Џафери на денешната прес-конференцијата кажа дека нема комплекс од тоа со какво возило ќе доаѓа на работа.

- Иронијата за „мерцедесот“ верувам дека не е во служба на никого, јас не патам со што доаѓам, дали со мерцедес или приватно ќе си одам дома, рече Џафери.

Ваквиот коментар на Џафери доаѓа по неговиот пречек во Форино истиот ден кога ја презеде функцијата технички премиер, кога тој пред неговата капија пристигна во придружба на полиција во „мерцедес“.