Џафери: Нека празникот ги грее срцата со човештво, солидарност, взаемна почит и разбирање меѓу сите граѓани
Претседателот на Собранието Талат Џафери на сите припадници на православната вероисповед, упатува искрени честитки по повод големиот христијански празник, Христовото раѓање – Божиќ, со желби празникот повторно да ги собере околу себе семејствата, пријателите, соседите и познаниците за дружење, споделување среќни мигови и заедничка трпеза.
- Нека празникот, со сето свое волшепство рефлектира топлина во овие зимски денови, нека ги грее срцата со човештво, солидарност, взаемна почит и разбирање меѓу сите граѓани, и меѓу оние што го слават овој голем празник, и меѓу оние што изразуваат почит кон него. Важно е да се споделува благородна мисла, убава желба и топла прегратка, вели Џафери во честитката за Божиќ.
Сите, нагласува Џафери, имаме потреба од зборови на поддршка кои даваат мир и спокој во душата и домовите, кои даваат надеж и верба во подобро утре и кои влеваат оптимизам дека новата година ќе донесе убави и позитивни вести за нашата земја.
- Да се сплотиме, да бидеме креатори на сигурната иднина за нашата младина, за нашата земја! Предизвиците кои стојат пред нас можеме да ги надминеме само заедно и единствени, со јасна цел пред себе. Само тогаш е гарантиран успехот и постигнувањето на зацртаните определби, на успешна, напредна и европска Република Северна Македонија! Бидете живи, здрави и спокојни! Среќни Божиќни празници, се вели во честитката за Божиќ од претседателот на Собранието.
Ново на Сител
-

Се возобновува „Рајската градина“ во Прилеп со над 100-тина украсни и егзотични птици
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бленди Ходаи, извршен директор на Форумот за образовни промени
-

Околу 100 пациенти во дијализа немаат терапија
-

Од 1 октомври граѓаните кои сакаат може да дадат согласност кај матичен за дарување на органите по смртта
-

Поплавени улици по силното невреме во Скопје - Комуналните екипи на терен
-

Пропаднаа измените на Изборниот законик, СДСМ ги блокираше со 10.000 амандмани
-

Реконструкцијата на Владата е заокужена - ресорите се поделени
