Џафери: Можен е импичмент за Иванов
Претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери денеска на прес конференција информира дека вчера ги потпишал указите и до Службен весник ги доставил законите за употреба на јазиците и за ратификација на Договорот од Преспа. Двата закона веќе се објавени од Службен весник со што стапуваат во сила.
Заедно со указите, до Службен весник доставил и дополнително објаснување на причините зошто се потпишан само од него, а не и од претседателот Ѓорге Иванова.
Според Џафери, претседателот Иванов со непотпишувањето на двата закона не ги исполнил неговите обврски кои произлегуваат од Уставот и направил злоупотреба на службената должност.
– Јас не чувстувам никаква одговорност за тоа што сум презел како претседател на Собранието. Јас му дадов доволно време за двата указа, за првиот за законот за јазици имаше една година, а за другиот шест месеци. Јас го презедов тоа што е во мојата институционална надлежност и не сметам дека сум прекршил нешто, рече Џафери.
За обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека со тоа сторил кривично дело што не застарува и го прекршил Уставот, и најавата и од Иванов дека ќе бара кривична одговорност, Џафери вели дека претседателот на државата „ги помешал лонците“ и оти се е направено според одредбите од собранискиот Деловник. Џафери најави дека е можно да биде побарана одговорност од претседателот Иванов.
– Иванов не е тој што ќе покрене постапка против законодаваната власт, туку таа е која ќе побара одговорност од него, Не кажав дека ќе побарам импичмент, но надлежноста на законодавната власт е да побара одговорност од претседателот. Тоа е надлежност на пратениците и тие можат да поведат импичмент за претседателот, истакна Џафери.
Во однос на тоа кога називите ќе се сменат, согласно Законот за употреба на јазиците, тој рече дека во законот многу прецизно е укажано и даден е рок од шест месеци за извршување на тие измени
Ново на Сител
-
33-годишно лице нападнато во казино од обезбедувањето на објектот
-
Кривична против 32-годишник, се заканувал со нож и се обидел физички да нападне едно лице
-
Сообраќајка во Скопје помеѓу „ауди“ и службено возило на МВР
-
Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба
-
Мицкоски за најавите за штрајк во М-НАВ: Се закануваат оние кои правеа упад и кои тепаа
-
Денеска средба помеѓу родителите на починатите во пожарот во Кочани и јавните обвинители
-
Неексплодирана граната од Првата светска војна пронајдена кај струшкото село Калишта
-
Брнабиќ: Студентите во блокада планираат ултимативен удар на Србија за Видовден