Џафери ќе ја извршува функцијата технички премиер до изборот на новата влада

Техничкиот премиер Талат Џафери, кој е избран и за пратеник во Собранието, на денешната конститутивната седница на новиот парламентарен состав најави дека ќе ја извршува оваа функција до изборот на новата Влада и оти до тогаш нема да учествува во работата и одлуките на Собранието.
Како што информира владината прес-служба, Џафери се повика на Уставот, законите и досегашните пракси.
- Ја известувам јавноста да ги извести соодветните институции официјално дека како премиер и како владин состав, врз основа на заклучокот на овој владин состав, ќе продолжам да ги вршам должностите и обврските што извираат од функцијата премиер на земјата до изборот на идната Влада од овој владин состав, и нема да учествувам во работата на Собранието и со тоа, врз основа на Законот за спречување или превенција на корупција и заради спречување на корупција и конфликт на интереси, затоа што не може во исто време да носам две должности, две функции, и поради оваа причина, до изборот на идната Влада, нема да учествувам во работата на Собранието и во одлучувањето во Собранието, за да ги исполнам законските одредби на Законот за спречување на корупција и конфликт на интерес. Ова е за да се информираат сите, за да се надминат сите дилеми во однос на прашањето на понатамошното функционирање на институциите, рече Џафери во Собранието.
Ново на Сител
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа
-

Тема на денот со министерката за финансии Кочоска
-

Мицкоски: Ќе победиме со разум, Филипче: Рефрендум за уставни измени
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Савески: Предметот „Мазут“ е во фаза на одлучување
-

Обвинителството со докази за инспекциски надзори, според одбраната тие се нерелевантни за пожарот
-

Не работеле во Институтот за јавно здравје ама си точеле бензин со картичка од ИЈЗ
