Џафери ја напушта Инфективна, можно е да ја води конститутивната седница
Претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери, кој беше хоспитализиран денеска заминува од Клиниката за инфективни болести, и можно е утре тој да претседава со конститутивната седница на Собранието.
-Се чувствувам добро и мислам дека веќе е извесно дека јас ќе претседавам со конститутивната седница утре, изјави Џафери.
Собраниските служби,пак, се подготвуваат согласно мерките за заштита од коронавирусот за одржување на конститутивната седница во големата сала со купола каде што ќе биде обезбедено соодветно растојание меѓу пратениците, собраниските службеници и други лица кои треба да се присутни. Гласовите на оваа седница ќе се бројат рачно, а веројатно и на тие потоа, имајќи предвид дека во неа нема инсталирано систем за гласање.
На денот на одржување на Конститутивната седница ќе се мери температура на секој што ќе дојде во собраниската зграда, пратениците и другите поканети гости ќе бидат прифаќани од протоколот и спроведувани точно до местото каде што ќе треба да седат.
Кризата со коронавирусот предизвика промени и во работата на новинарите и медиумите. Како што се најавува, имајќи ја предвид актуелната состојба со коронавирусот, најверојатно бројот на медиумските работници во Собранието ќе биде ограничен, а нивните активности ќе се следат во живо преку Собраниските канал и со стримови во живо. Конститутивната седница ќе се следи преку Собранискиот канал, а прес-конференции ќе бидат организирани во Кристалната сала каде што би имало доволено простор за одржување дистанца.
Ново на Сител
-
Голем пожар на југот на Албанија, евакуирани села
-
Акциска контрола во Скопје: Казнети 99 возачи, приведени двајца малолетници, санкции за угостителски објекти
-
Од вкупно 22 пожари на отворен простор низ државата, активен е само пожарот во Националниот парк Јасен
-
Стармер и Макрон ветија дека ќе работат за праведен и траен мир во Украина
-
Зеленски им се заблагодари на европските лидери за заедничката изјава за мир во Украина
-
Илјадници демонстранти во Тел Авив повикаа да се стави крај на војната во Газа и да се ослободат заложниците
-
Уапсени 30 странски државјанки во тетовско, го злоупотребиле туристичкиот престој
-
Пронајдена дрога при претерес во Гостиварско