Македонија
6. January 2023 - 9:12

Џафери им го честита Божиќ на православните христијани

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на припадниците на православната вероисповед во негово и во име на пратениците во Собранието го честита големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ со желби за добро здравје, душевен мир и семејна благосостојба. 

- Во овој период од годината кога после Новогодишните празници се празнува еден од централните празници на христијанството, Божиќ, се овозможува повторно на сите граѓани кои го слават, меѓутоа и на сите кои се во нивна близина, сограѓаните, соседите, пријателите и соработниците, да ја почувствуваат магијата што ја создава празничната атмосфера. Тоа е уште една прилика да се почувствуваат топлите прегратки, да се видат широки насмевки и да се чујат убави и благородни мисли на взаемна почит, разбирање, сочувство и солидарност а тие се неопходни во овие времиња на предизвик за човештвото и светот воопшто. Нека Ве водат позитивни мисли, нека бидат повод да правиме добри дела, заедно, и индивидуално. Секој гест, колку и да е мал и безначаен, е капка во бранот што не води напред нас и Република Северна Македонија. Само заедно сме силни, само со подадена рака сме значаен фактор и пример за регионот. Да рефлектираме надеж, за да имаме надеж во мир, напредок и благосостојба за сите во иднина. Среќни Божиќни празници! - стои во соопштението испратено од претседателот на Собранието.