Џафери: Хрватска е наш безрезервен поддржувач за ЕУ и НАТО
Република Хрватска е докажан пријател на Македонија и бескомпромисен поддржувач на нејзината европска и евроатланска интеграција, факт што високо се цени и почитува. Собранието и во иднина ќе ги негува пријателските блиски врски со Саборот на Хрватска, особено преку интензивирање на меѓупарламентарната соработка на највисоко ниво, како и на ниво на пратенички групи за соработка со парламенти на одделни држави, истакна денеска претседателот на Собранието Талат Џафери на средбата со новоименуваната амбасадорка на Хрватска во РМ, Нивес Тигањ.
Џафери изрази уверување дека оваа силна, пријателска и безрезервна поддршка ќе биде засилена за време на претстојното претседавање на Република Хрватска со Советот на Европската Унија идната година и ќе резултира со добивање датум за отпочнување преговори на мајскиот Самит во Загреб.
– Претседателот на Собранието истакна дека двете држави треба да вложат поголеми напори за зајакнување на економската соработка, туризмот и трговската размена, како значајни сегменти на општественото живеење, соопштија од кабинетот на Џафери.
Тој на средбата истакнал дека недонесувањето одлука за почеток на преговорите предизвикало големо разочарување кај граѓаните на Република Македонија, нагласувајќи дека земјата и понатаму останува посветени на реформскиот процес.
– Истовремено, како држава остануваме посветени и на Берлинскиот процес, заедно со останатите земји од Регионот, за да покажеме силни заложби за реални резултати кои ќе имаат долгорочни позитивни ефекти, рече Џафери.
Амбасадорката Тигањ ги пренесе уверувањата на највисокото државно хрватско раководство за натамошна поддршка на европската и евроатланската интеграција на Република Македонија, при што изрази надеж дека за време на претстојното претседавање на Република Хрватска со Советот на Унијата ќе се исправи неправдата кон земјата.
– Република Хрватска има 12 твининг-проекти со повеќе државни институции во Република Македонија, преку кои се пренесува хрватското искуство и се помага во пристапниот процес на Република Македонија кон Европската Унија, наведе Тигањ.
Како особена државотворна одлука со далекосежни позитивни последици на надоврешно политички план за земјата, таа ги оцени компромисните договори со Република Грција и Република Бугарија, со кои Република Македонија стави крај на отворените прашања.
Ново на Сител
-
Маркетите ќе мораат да ги објавуваат цените на сите производи и на интернет
-
Што прави партизацијата и политизацијата на здравствениот систем?
-
Лекарската комора одбележува 20 години од почетокот на издавање на лиценци за работа на докторите
-
Надзорна расправа за аерозагадувањето – системот без механизам за заштита
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ достави документи до Владата
-
Меџити: Нема никаков скандал
-
Маркетите ќе бидат должни цените да ги објавуваат на интернет