Џафари: Саудиска Арабија и Турција го поддржуваат военото решение за конфликтот во Сирија
Саудиска Арабија и Турција го поддржуваат военото решение на конфликтот и ја спонзорираат терористичката организација „Џебхат ал Нусра“, изјави Башар Џафари, раководител на делегацијата на сирискиот режим на преговорите во Женева.
Сирискиот дипломат ги упати обвиненијата на прес-конференција по средбата со специјалниот пратеник на Обединетите нации за Сирија, Стефан де Мисура.
- Фактот дека Саудиска Арабија го поддржува военото решение на конфликтот се гледа и од изјавата на саудискиот министер за надворешни работи Ахмед ал Џубеир, нагласи Џафари.
- Турција од своја страна се објавува за поддршка на военото решение, сакајќи создавање на некакви зони за безбедност во Сирија и тоа исто така покажуваа дека одредени влади ја спонзорираат „Џебхат ал Нусра“, што се потврдува од случувањата во Хомс, додаде тој.
„Џебхат ал Нусра“ вчера изврши вооружени напади врз седишта на сириските сили за безбедност во градот Хомс.
Ново на Сител
-
Историски најниска излезност на локалните избори – Во прв круг избрани 44 градоначалници
-
Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп прогласи убедлива победа во првиот круг
-
Убедлива победа во Охрид
-
Убедлива победа во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот: Каква е статистичката слика за локалните избори
-
Три нови уролошки процедури
-
Преглед на вестите од светот