Џабров: Конфликтот помеѓу САД и Иран може да доведе до нуклеарна војна
Рускиот пратеник Владимир Џабров, по иранскиот напад врз воените бази со американски војници во Ирак, предупреди дека конфликтот помеѓу САД и Иран може да доведе до нуклеарна војна.
– Реципрочните напади на САД и Иран може да доведат до сеопшта војна во регионот. ако Вашингтон оценува дека може да ги постигне своите цели, тогаш постои опасност од нуклеарна војна, истакна Џабров.
Тој додаде дека во спречувањето на понатамошната ескалација на судирите на Блискиот Исток треба да се вклучи Советот за безбедност на Обединети нации.
Иран истрела повеќе од 22 балистички проектили врз две американски воени бази во Ирак, а иранската Револуционерна гарда презеде одговорност за напад истакнувајќи дека нападите се „одмазда за убиството на командантот на единицата Кудс, Касим Сулејмани.
Пентагон потврди дека ракетите се лансирани од територијата на Иран при што се погодени базите Ал Асад и Ирбил, при што загинаа околу 80 американски војници.
Ново на Сител
-
Алармантна состојбата со недостиг од медицински сестри
-
Хуманитарен пикник на „Алкалоид” - собрани над 1,8 милиони денари кои одат за Црвен Крст
-
Екологистите бараат крај на палењето стрништа и пластика и системски решенија
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
11 полицајци од СВР Велес на дисциплинска за случајот со убиената Росица
-
Полицијата денеска со опомени за оние кои со телефон и слушалки поминуваа улица, од утре ќе казнува