Ѕанакопулос: Постои мнозинство во грчкиот Парламент да се ратификува Договорот од Преспа
Портпаролот на грчката Влада и министер без ресор на Грција, Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за грчкото радио „Реал фм“, уште еднаш го повторува ставот дека Договорот од Преспа без проблем ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент.
- Секако дека ќе помине во парламентот. Може секој да ги изброи политичките изјави дадени до сега и да види дека постои реално мнозинство за да помине Договорот од Преспа и да биде ратификуван од грчкиот парламент. Според тоа, не постои никакво прашање, никаква причина за нас, да отвориме во овој момент предизборна дискусија, изборна дискусија или нешто такво, вели портпаролот на грчката влада и министер без ресор на Грција.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, во однос на текстот во „Катимерини“ дека Договорот од Преспа носи и избори во Грција, порано од предвиденото, Ѕанакопулос, во интервјуто, коментира дека уште од 2016, континуирано слуша сценарија за предвремени избори и вели дека грчкиот премиер сака да го заврши четиригодишниот мандат одреден со Уставот.
Ново на Сител
-
Македонија оди на сè или ништо против Фарски Острови
-
Трговски центар во Варшава со 1.400 продавници изгоре во пожар | ВИДЕО
-
Укината пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово: Директорите на ново судење, докторот Вучевски на слобода
-
Инаугурација на новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова
-
ВМРО- ДПМНЕ и Вреди договорија начела за соработка за идна влада
-
Швајцарија победи на Евровизија
-
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради улична трка
-
Бајден: Прекин на огнот во Газа е можен уште утре, доколку Хамас ги ослободи заложниците