Ѕанакопулос: Оптимисти сме дека ќе успееме да стигнеме до заемно прифатливо решение
Портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос, изрази оптимизам дека може да се постигне заемно прифатливо решение. Ѕанакопулос ова го кажа на гостувањето во емисија на Првата програма на грчкото државно радио.
- По вчерашната средба преговорите продолжуваат врз база на рамката што беше поставена со нашите соседи. Оптимисти сме дека ќе успееме да постигнеме заемно прифатливо решение. Сепак, не сакам во овој момент да предвидам ништо. Работиме во насока да се постигне договор за сложено име што ќе важи за сите и за севкупна употреба, за што предуслов е уставна ревизија кај соседот, особено во однос на уставното име, рече Димитрис Ѕанакопулос за грчкото радио.
Како што јавува дописникот на МИА од Атина, портпаролот на грчката Влада, како што кажа, не сакаше да ги коментира техничките детали од преговорите, особено во однос на тоа дали нацрт спогодбата и е доставена на македонската страна.
Ново на Сител
-
Влада: Над 9 милијарди денари за земјоделците
-
Регистриран земјотрес со епицентар во Албанија
-
Почнува судењето против таткото на Васил Јованов за „предизвикување општа опасност“
-
Барселона во август се враќа на „Камп Ноу“
-
Трамп: Израел и Иран се согласија на апсолутен прекин на огнот
-
Сончево и топло до 38 степени
-
Американските сили објавија видео од Б-2А авионите пред нападот врз Иран
-
Да се избегнуваат патувања во земјите од Блискиот Исток со влошена безбедносна состојба, апелираат од МНР