Дворците на Дизни се инспирирани од вистински градби и туристички атракции
Аниматорите кои се задолжени за замислување на градбите во цртаните филмови кои настануваа во изминатите години, за инспирација и креирање на градби од соништата, често ги земаат градбите кои стотици години веќе постојат на земјата. Многу од тие градби кои се инспирација на аниматорите денес се популарни дестинации за туристи кои го препознаваат „копирањето‟ на реалноста во филмовите на Дизни.
Замрзнатиот дворец на Елса во познатиот цртан филм „Фрозен‟ е инспириран од градбата „Hotel de Glace‟ кој секоја зима од замрзнати коцки се прави во Квебек Сити. Хотелот работи од јануари до март секоја година, а во текот на 2014 година домаќините на своите гости понудија специјална „Фрозен‟ тематика каде гостите можеле еден ден да живеат во кралството Аренделе.
Дворецот на Аладин во измислениот град Аграбах настанал врз основ на популарниот Таџ Махал во Индија, кој секоја година го посетуваат голем број туристи.
Дворецот на принцот Ерик од цртаниот филм „Малата сирена‟ е инспириран од островската заедница Монт Сент-Мишел во Нормандија. Дворецот и целата заедница е изграден на карпа покрај морето, а во себе содржи и манастир. Тој е туристичка атракција во текот на целата година.
Кралскиот дворец на Заспаната убавица е идеја настаната врз основ на дворецот Neuschwanstein во Баварија, кој е отворен во текот на цела година, а за туристите првпат е отворен седум недели по смртта на кралот Лудвиг втори во 1886 година. Кралот го изградил овој дворец за да се повлече од јавниот живот, а секоја година го посетуваат над 1,4 милиони туристи. Во текот на летото дворецот го посетуваат над 6.000 посетители дневно.
Ново на Сител
-
ЕУ со нов 17. пакет санкции против Русија
-
Утре изменет сообраќаен режим на експресниот пат Штип - Кочани
-
Владата го усвои договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
-
Најмалку тројца ученици повредени во напад со нож во училиште во Финска
-
Уставниот суд го укина членот кој предвидува при унапредување на обвинителите да се цени и работењето како членови на Советот на ЈО
-
Меѓусебни обвинувања на поранешниот и сегашниот министер за земјоделство, шумартсво и водостопанство за лоши политики и мерки
-
Костадиновски: Во овој момент нема правно правило по кои услови независните кандидати ќе учествуваат на изборите, во најскоро време да се пополни оваа празнина
-
Општата болница – Кочани се соочува со недостиг од персонал, лекари од Скопје ја почнаа евалуацијата на повредените