ОН: Двојно намалена смртноста кај децата, но таа се уште е над посакуваното ниво
Нивото на смртност кај децата во светот речиси двојно е намалено од половината на 1990 година, но се уште не ја достигнало целта на Обединетите нации за намалување на две третини до 2015 година.
Новите оценки покажуваат дека смртноста кај децата под пет години се намалила од 12,7 милиони годишно во 1990 година до 5,9 милиони во тековната година, забележувајќи првпат пад под шест милиони.
И покрај намалувањата сепак се уште секој ден во светот умираат 16 илјади деца под пет години, се наведува во извештајот на УНИЦЕФ, Светската здравствена организација и Одделот на ОН за прашањето за населението.
Врз основа на овие податоци УНИЦЕФ посочува дека 48 милиони деца на возраст до пет години биле спасени, откако во 2000 година владите се заложиле за постигнување на целта, определена од ОН.
Се очекува светските лидери да прифатат нов пакет цели за следните 15 години на самитот на ОН подоцна овој месец. Според УНИЦЕФ уште 38 милиони детски животи можат да бидат спасни, доколку се забрза напредокот на намалувањето на смртноста кај децата.
Според извештајот најопасни остануваат првите 28 дена од животот на бебињата, кога умираат 45 отсто од децата, кои починале пред да наполнат пет години.
Главна причина за смртноста кај децата на таа возраст се предвремените раѓања, пневмонијара, компликации при раѓањето, маларија и сепса. Околу половина од смртните случаи се поврзани со недоволната ухранетост.
- Веројатноста детето да преживее во голема мера зависи и од местото на раѓање, се вели во извештајот.
Во Субсахарска Африка едно од 12 деца умира пред петтиот роденден, што е највисоко ниво на смртност кај децата и над 12 пати повеќе од смртноста во богатите земји, каде умира едно на 147 деца.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тргнаа во напад на Србија однадвор, поддржани од многумина одвнатре
-
Кумановка измамена за 30.000 евра - повторно измамата во која наводно нејзина ќерка прегазила дете
-
Мицкоски: Надлежните се на терен во сите поголеми супермаркети, се прави анализа, детали од понеделник
-
Поранешниот германски претседател Хорст Келер почина на 81-годишна возраст
-
Футсал: Македонија поразена од европскиот првак Португалија
-
СП во ракомет: Заврши бајката на Португалија, фаворитот Данска се пласираше во финалето
-
Фатен кавадарчанец кој побегнал од затворот во Гевгелија
-
Тетовчанец загинал на скопска обиколница откако излетал од патот