Двојни аршини на општина Центар
Градоначалникот на Центар Андреј Жерновски продолжува со двојните аршини. Инспекторите на Центар, денеска го отстранија сервисот за миење возила “Бисер”, кој успешно работеше цели 15 години.
Сопственикот на пералната Љупчо Здравковиќ видно вознемирен, пред камерите на Сител рече дека поседувал Урбанистичка согласност и Градежна дозвола, документи потребни за работа на сервисот, но и тоа не помогнало, па пералната била срушена без дозвола за рушење.
Веднаш до оваа, се наоѓа пералната на братот на една од советничките во општина Центар, која доаѓа од редовите на НСДП. Таа перална продолжи да функционира, без никакви проблеми. Според Здравковиќ, таа е отворена пред седум години, но проблемите со нејзиниот сопственик започнуваат кога на градоначалничкото место на општина Центар доаѓа Жерновски.
Пералната била неговата единствена егзистенција, а со рушењето, на улица остануваат и петмина вработени.
Ова е единствената срушена перална на територијата на Општина центар, каде што функционираат повеќе од дваесет сервиси за миење возила. Тоа ќе биде главниот мотив за Љупчо, правдата за ваквата постака да ја бара по судски пат.
-

Бранислав Јаневски
Сите содржини од овој новинар
