Тенис
17. May 2016 - 18:36

Двојна победа за Јотовски на стартот во Брчко

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски со две убедливи победи стартуваше на фјучрсот во Брчко откако во сингл го победи Бразилецот Силва со 2-0 (6:1 и 6:3) во сетови, попладнево во игра на двојки заедно со Дарко Јандриќ ги победија Арслан Баковиќ и Емир Цандриќ од БиХ со 2:0 во сетови со само еден загубен гем (6:0 и 6:1).

Во второто коло во сингл ќе игра против Украинецот Данило Калиниченко, додека во 1/4 финалето во двојки ќе играат Русите Виктор Балуда и Илија Василев.