Дводневна работилница за стандардите на ЕУ за обука на судии и обвинители
Судии, јавни обвинители, претставници од релевантни институции од Македонија, како и од правосудните академии од Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Турција, денеска и утре во Скопје учествуваат на Меѓународна работилница за „Стандардите на ЕУ за почетна обука на судии и јавни обвинители“.
Генералниот секретар на Европска мрежа за судска обука Војчех Постулски пред почетокот на работилницата изјави дека нивната мрежа е темел на сите институции, кои тренираат судии во земјите-членки на Европската унија, но и во земјите-кандидати на Унијата.
- Академијата на Македонија е со нас многу години и како институција веруваме во важноста да бидеме на овој настан, бидејќи сметаме дека ние во Европа не сме само да ги тренираме судиите, туку и да ги поставиме стандардите за тренинг, да се усвојат принципите за тренингот на судиите, додаде Постулски.
Посочи дека независноста во процесот на тренинг е круцијален елемент и оти тренингот на судиите е темел за независното и непристрасно судство.
- Независноста не само што значи дека институциите се поставени на начин на кој не се под влијание на другите носители на власта. Независноста исто така значи дека ние судиите сме едуцирани, а потоа и назначени на начин на кој ќе бидеме слободни од негативното влијание на политичарите, од претставниците на другите владини служби, рече Постулски.
На конфененцијата треба да дискутира за да се обезбеди тренинг за судиите на начин, на кој ќе се почитуваат основните пронципи на судското работење и да се избегне негативното влијание врз нивната работа.
Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Анета Арнаудовска истакна дека работилницата ќе обезбеди размена на најдобри практики помеѓу претставниците на правосудсните академии од ИПА земјите и експерти од Белгискиот институт за обука на судии, Европската мрежа за судска обука во Брисел, шведското судство, Холандскиот центар за обука и проучување на судството, Француската национална школа за судии и Европската школа за спроведување во Бугарија.
Различните сесии на конференцијата, како што додаде, ќе се фокусираат главно на процесот на избор на кандидати, приемни испити, дизајн на модул за обука и евалуација и следење на почетната обука.
Дводневната работилница е во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, а во соработка и со финансиска поддршка на Инструментот за техничка помош и размена на информации (ТАIEX) на Европската комисија.
Ново на Сител
-
Мбапе се запиша во историјата на Реал Мадрид
-
МВР со апел за безбедни матурски прослави
-
457 лица заа 3 години загинале во сообраќајки во Македонија
-
Претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски
-
Путин нема да присуствува на мировните разговори со Украина во Истанбул
-
Инцидент меѓу демонстрантите и полицијата на влезот на судот во Нови Сад
-
Најмалку 21 лице загина во сообраќајка во Мексико
-
Рама: Албанија три дена ќе биде центар на Европа