Македонија
4. September 2020 - 15:26

Двегодишно дете удавено во канал за наводнување во атар на село Долно Чичево

Синоќа околу 20.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на место викано „Рамниште“, атар на с. Долно Чичево, општина Градско, во отворен канал за наводнување било пронајдено удавено двегодишно дете од населба Шуто Оризари, Скопје.

Како што информираше Верољуб Додевски, портпарол во СВР Велес, лекар од населба Градско констатирал смрт без траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција во Институт за судска медицина-Скопје. Бил извршен увид на местото на настанот.