Двегодишно дете е најмладиот пациент заболен од коронавирус во Македонија

Според податоците објавени на веб-страницата на Институтот за јавно здравје, најмладиот пациент во Македонија заболен од коронавирус е двегодишно дете, а најстариот пациент има 91 година.
Во деталниот дневен извештај на Институтот за јавно здравје, пишува дека „возраста на заболените се движи од 2 до 91 година (просек 42,2 години), а најголемиот број заболени (23 проценти) се на возраст од 30 до 39 години“.
Од вкупниот број заболени од коронавирус во државата, 136 лица, повисок е бројот на женските лица, односно 66 се мажи, а 70 се жени.
Кашлицата е најчестиот симптом кај заболените, речиси 70 отсто од пациентите го имаат овој симптом. Потоа следуваат покачена температура (65,3%), слабост (31,6%), болка во грло (25,3%), треска (24,2%) и главоболка (24,2%), а 41 лица се без симптоми.
27 лица од 136-те заболени, според евиденцијата на Институтот за јавно здравје, претходно имале хронична болест, од кои 17 имаат кардиоваскуларна болест, 5 лица се со хронична белодробна болест, а по тројца се со дијабет, хронична бубрежна болест и со хипотироидизам и еден со невромускулна болест.
Досега, според Институтот, регистрирани се 9 случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Во дневниот извештај на Институтот, се вели дека „проценката на ризик на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок“.
Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:
Дебар е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
Останатиот дел од Република Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи)
До денеска до пладне беа дијагностицирани нови 22 лица од коронавирусот, од кои 16 се жени, а 6 се мажи. Најголем дел од нив имаат 50-59 години.
Од нив, двајца се хоспитализирани, а останатите се на домашно лекување.
Од овие 22 лица, 15 веќе имале контакт со веќе заразено лице.
Ново на Сител
-

Над 60 дoмаќинства без покрив над глава по излевањето на Зајаска Река во Кичево
-

Доколку Радев стане премиер на Бугарија, се очекува уште позаострен дијалог со Македонија
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Кичево под вода
-

Партиски игри го кочат стартот на анкетната комисија
-

Касами, Меџити, Сали и Фетаи се поблиску до формирање на партија ВРЕДИ
-

СДСМ бара повлекување на законот, ВМРО-ДПМНЕ тврди се прават реформи за поправање на грешките од минатото
-

Камионџиите чекаат решение од ЕУ: Времената мерка може да го олесни престојот
