Две жртви во судар на ловец Ф-16 и патнички авион во САД
Две лица загинаа вчера во судар меѓу мал туристички авион „Цесна“ и американски ловец Ф-16 во воздухот над Јужна Каролина, информираа американските власти, цитирани од француските медиуми.
Пилотот на ловецот успаеал да се катапултира, пред неговиот авион да се урне, прецизираа од военовоздухопловната база Шоу во Јужна Каролина, каде авионот бил стациониран.
Пилотот е однесен во базата за медицински преглед, посочија изворите.Локалните медиуми соопштија дека по несреќата тој се наоѓал во свесна состојба и можел да оди.
Сударот се случил на 18 километри северно од градот Чарлстон, преку коминике соопшти Федералната управа за авијација (FAA).
Федералната служба за истраги на сообраќајни несреќи (NTSB) информира дека загинале пилотот и патникот во едномоторната „Цесна C150“.
Авионите се судриле во близина на малиот цивилен аеродром во регионот, што на воздухопловните карти бил означен како „воена оперативна зона“.
Ова е втор инцидент со Ф-16 во САД во последните две недели. На 24 јуни при обука во државата Аризона се урна ирачки ловец, кога загина пилотот, потсетуваат француските медиуми.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро
-
ЈП „Исар“- Штип воведе 24 часовна стражарска служба на градската депонија