Македонија
29. March 2020 - 16:41

Две жртви од корона за 24 часа - бројката на починати се искачи на 6 - потврдени 259 заболени

Корона вирусот не штеди никого. Утринава на Клиниката за инфективни болести починал 31 годишен скопјанец како последица на ковид 19 а со заразста не се изборил и 91 годишен маж кој бил на болничко лекување 8 дена. Младиот пациент бил во тешка состојба а една од причините за компликациите според здравствените власти е прекумерната тежина.

-Еден ризик фактор е обезноста која што тој ја имал. Но, клиничката слика која што ја покажал и начинот на влошување на клиничката слика е практично најтешката форма на влошување која што е опишана во литературата. Со нагло влошување, со нагло паѓање на сатурацијата, односно врзувањето на кислородот во текот на вчерашниот ден. Веднаш поставен на респираторна машина, меѓутоа, клиничката слика беше со внатрешно крварење и на некој начин распад на белите дробови, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

На Инфективна има хоспитализирано 49 пациенти со корона вирус од кои седуммина се со потешка клиничка слика, но ниту еден не е на респираторна машина. Остантите 200 заболени се на домашно лекување и според министерот за здравство сите имале лесни симптоми и нема опасност да дојде до нагло влошување на состојбата. Но смртта на 31 годишниот скопјанец за Филипче е аларм до граѓаните да бидат внимателни бидејќи најтешкиот период допрва доаѓа.

-Влегуваме во вториот месец, кој целосно ни го промени животот. Пред нас е најтешкиот период, ни претстои  период каде ќе расте бројот на заразени но и на починати. Имаме и жртва, млад човек, што покажува дека вирусот не штеди никого. Сите кои досега не беа убедени во опасноста, сега верувам дека им е јасно дека ова е сериозна закана, дека мораме ние сериозно да се однесуваме кон неа. Нема да биде лесно, затоа сите да ги почитуваат препораките и да не шириме паника, вели Филипче.

Филипче побара да не бидат стигматизирани лицата кои се во карантин, бидејќи досег аниту едне од нив не заболел од корона вирусот.

До сега нема ниту еден заболен. Има четири до пет лица, кои се тестирани и тестовите се негативни, станува збор за обична настинка. Тие наши сограѓани не претставуваат апсолутно никаква опасност, ниту за непосредната  околина, ниту за градовите  во кои се сместени заради тоа што се целосно здрави  луѓе коишто мора да го поминат овој  период од 14 дена  во самоизолација, вели Филипче.

Здравствените власти најавија зголемување на капациентите за тестирање преку матичен лекар и од наредната недела ќе има уште неколку пунктови во Скопје и другите градови. Дополнителн и35.000 тестови за ковид 19  набавила и приватната болница Аџибадем Систина и сега на располагање имаат 50 000, со ко икако што верлат, ќе помогнат во стратегијата за масовно терстирање на населението.

Од 18-те новорегистрирани случаи изминатото деноноќие, најмногу има во Штип, а по еден новозаболен за прв пати има во Струмица и Гевгелија.

Вкупниот билансд на заболен иво земјата е 259 од кои 3 се излекувани а 6 починати.