Две згради се урнаа во францускиот град Лил, нема информации за жртви
Две соседни згради денеска околу 9 часот и 15 минути се урнаа во францускиот град Лил. Според локалните власти, во инцидентот нема жртви, јави дописникот на МИА од Париз.
Зградите се наоѓаат на централна шопинг улица. Жителите биле евакуирани во текот на ноќта како мерка на претпазливост откако еден од жителите пријавил сомнителни пукнатини.
„Еден млад човек се вратил дома во 3 часот по полноќ и констатирал дека ѕидот на зградата е искривен. Тој ја предупредил општинската полиција и пожарникарите, кои решиле да ја евакуираат зградата, сметајќи дека постои реален ризик“, изјави градоначалничката Мартин Обри.
Таа додаде дека се евакуирани и околните згради.
Според пожарникарите, едно лице се води за исчезнато.
Една од урнатите згради била на три ката и во фаза на реновирање. Кога се урнала, ја повлекла и соседната зграда.
Инцидентот се случил пред дуќаните на шопинг улицата да почнат со работа.
Екипи за истражување се на местото на настанот, а областа е затворена.
Ново на Сител
-

Ужас во Скопје: 23-годишник силувал 5-годишно девојче и се заканувал дека не смее да кажува на нејзиниот татко
-

Oткупот и продажбата на земјоделските производи во третото тримесечје од 2025 година зголемени за 10,4 отсто
-

Намалено вкупното производство на шумски производи во државните шуми
-

Влада: По 15.300 денари за електронски уреди - студентите да ја искористат оваа мерка и да аплицираат навремено
-

Најмногу дожд во Лазарополе, утринските температури од 4 до 14 степени
-

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа
-

Македонската фудбалска репрезентација гостува кај Велс во обид да избори бараж за СП 2026
-

Министерот за надворешни работи на Германија Јохан Вадефул во посета на Скопје
