Две згради се урнаа во францускиот град Лил, нема информации за жртви
Две соседни згради денеска околу 9 часот и 15 минути се урнаа во францускиот град Лил. Според локалните власти, во инцидентот нема жртви, јави дописникот на МИА од Париз.
Зградите се наоѓаат на централна шопинг улица. Жителите биле евакуирани во текот на ноќта како мерка на претпазливост откако еден од жителите пријавил сомнителни пукнатини.
„Еден млад човек се вратил дома во 3 часот по полноќ и констатирал дека ѕидот на зградата е искривен. Тој ја предупредил општинската полиција и пожарникарите, кои решиле да ја евакуираат зградата, сметајќи дека постои реален ризик“, изјави градоначалничката Мартин Обри.
Таа додаде дека се евакуирани и околните згради.
Според пожарникарите, едно лице се води за исчезнато.
Една од урнатите згради била на три ката и во фаза на реновирање. Кога се урнала, ја повлекла и соседната зграда.
Инцидентот се случил пред дуќаните на шопинг улицата да почнат со работа.
Екипи за истражување се на местото на настанот, а областа е затворена.
Ново на Сител
-
Оружје и муниција пронајдени кај 75-годишник од Трубарево
-
Голем интерес за билети за СП 2026
-
Во келијата на Васев пронајдени три мобилини телефони, тој тврди дека не се негови
-
Трамп: Упадот со беспилотни летала во Полска би можел да биде грешка
-
ЦУК: Под контрола пожарот во Дрисла, 13 пожари на отворено целосно изгаснати
-
Комбе излетало од мост на патот Штип-Радовиш, има починати | ФОТО
-
ДЗС: Се уште има чадење од Дрисла, но во помал обем, дивата депонија Вардариште е целосно изгасната
-
Нетанјаху: Нема да има палестинска држава