Две згради се урнаа во францускиот град Лил, нема информации за жртви
Две соседни згради денеска околу 9 часот и 15 минути се урнаа во францускиот град Лил. Според локалните власти, во инцидентот нема жртви, јави дописникот на МИА од Париз.
Зградите се наоѓаат на централна шопинг улица. Жителите биле евакуирани во текот на ноќта како мерка на претпазливост откако еден од жителите пријавил сомнителни пукнатини.
„Еден млад човек се вратил дома во 3 часот по полноќ и констатирал дека ѕидот на зградата е искривен. Тој ја предупредил општинската полиција и пожарникарите, кои решиле да ја евакуираат зградата, сметајќи дека постои реален ризик“, изјави градоначалничката Мартин Обри.
Таа додаде дека се евакуирани и околните згради.
Според пожарникарите, едно лице се води за исчезнато.
Една од урнатите згради била на три ката и во фаза на реновирање. Кога се урнала, ја повлекла и соседната зграда.
Инцидентот се случил пред дуќаните на шопинг улицата да почнат со работа.
Екипи за истражување се на местото на настанот, а областа е затворена.
Ново на Сител
-

Детската клиника во Скопје доби медицинска опрема вредна околу 2,7 милиони денари
-

Приведено лице од струшко, возел со 1,64 промили алкохол во крвта
-

Кампања за поголема јавна свест и охрабрување на децата да побараат помош за сексуално насилство врз нив
-

УХМР најавува пообилни врнежи, особено во текот на ноќта и локално услови за невреме со силен ветер
-

Кавадарчанка при реновирање во домот пронашла 55 неексплодирани детонаторски каписли
-

Уапсен дебранец, возел со 1,86 промили алкохол во крвта и удрил во полициско возило
-

Уште две жртви од пожарот во Домот за пензионери во Тузла
-

Превртен автомобил откако се судрил со камион во Долно Лисиче | ФОТО
