Две третини од граѓаните сметаат дека корупцијата во Македонија се зголемува
Две третини од граѓаните сметаат дека корупцијата во Македонија се зголемува, покажува последното истражување кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје.
63% од анкетираните сметаат дека степенот на корупција во Македонија се зголемува наспроти 9,3% кои детектираат намалување. 19,5% се на ставот дека степенот на корупција во Македонија останува ист.
Интересно е што Македонците и етничките Албанци различно гледаат на оваа појава. Додека 73,7% од Македонците велат дека степенот на корупција во Македонија се зголемува, ваков став делат само 32,3% Албанци кои во мнозинство се на ставот дека степенот на корупција во Македонија останува ист.
Анкетата за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1115 испитаници во периодот од 01 до 04 февруари оваа година.
Ново на Сител
-
Земјотрес почувствуван во Дојран
-
Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас
-
Мајк Тајсон поразен од јутјуберот Џејк Пол
-
Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина
-
Бајден: Доаѓа време на големи политички промени
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне ведро
-
Состојба на патиштата
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот