Две седници на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците
Во Собранието на Република Македонија денеска се најавени две седници на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. На дневен ред на седниците се повеќе годишни извештаи за работата на институциите, обвинителството, ДКСК и други.
На дневен ред се годишните извештаи на Дирекцијата за заштита на личните податоци за 2019 година,
за работата на јавните обвинителства на Република Македонија во 2019 година, за работата на Советот на јавните обвинители на Република Македонија за 2019 година, како и посебен извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за утврдените злоупотреби во финансирањето на изборната кампања Предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија – 2020.
Комисијата ќе ја продолжи веќе започнатата 11. седница, на која на дневен ред се Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, годишните извештаи за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2019, на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во 2019 годинана Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер во 2019 година, на Инспекцискиот совет за 2019 година и на Агенцијата за администрација за 2019 година.
Ново на Сител
-
МВР: Кај 23-годишник од Скопје пронајдено оружје и муниција
-
Приведени двајца возачи од Битола и ресенско, возеле пијани
-
Отпорноста на антибиотици може да убива милиони луѓе во светот
-
Кривична пријава за Кичевчанец, нападнал адвокат во судница во Дебар
-
Синдикалната кошничка во јули 65.328 денари
-
Поевтинуваат бензините од полноќ, ова се новите цени
-
Познат идентитетот на починатото лице пронајдено во Охрид
-
Скопјанка донесе на свет женско бебе во амбулантно возило на пат кон болница | ФОТО