Две разбојништа и кражба на возило во Скопје
Вчера во 04.30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, Ј.И. (29) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 03.30 часот на ул. „Московска“ три непознати лица му извршиле разбојништво. Едно од лицата со закана со нож му одзеле околу 42.000 денари, по што физички го нападнале. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Исто така вчера во 12.20 часот во Единицата за информации и команда Скопје, вработен во бензинска пумпа на автопатот Куманово-Скопје, кај хотел „Белви“, пријавил дека две непознати лица извршиле разбојништво над него. Сторителите со закана со
пиштол му одзеле околу 50.000 денари и побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
А во Полициската станица Бит Пазар, Р.Д. (46) од Скопје пријавил дека во периодот од 23.30 на 02.07.2018 до 09.00 часот на 03.07.2018 година на булеварот „Крсте Мисирков“ непознат сторител го одзел неговото патничко возило „БМВ 530Д“ со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова се сретна со победниците на „First Lego League Challenge”
-
МВР: Одземени возила користени во „диви“ трки во Куманово
-
Уапсен 40-годишник од Скопје, баран за издржување казна затвор од четири години
-
Меси: Сите сакаа да го копираат Гвардиола
-
На „Табановце“ се чека до половина час, на „Богородица“ и „Дојран“ до 15 минути
-
Првпат побарани мерки за претпазливост за еден осомничен за пожарот во Кочани кој до сега бил на лекување
-
Српскиот претседател порача дека не смее да продолжи блокадата на РТС
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС тврдеа дека уставните измени се последно барање на Бугарија, сега од таму ги демантираат