-->
-->
Две победи на Јотовски на стартот од третиот фјучрс во Скопје
-->
Македонскиот тенисер Јотовски со две победи и тоа над тенисери од Македонија го почна третиот фјучрс. Во сингл беше подобар од Мицов, а во двојки заедно со Русевски ги победија Мицов и Зеленков.
Во мечот од 1.коло на третиот фјучрс во Скопје во дуел на македонските тенисери Томислав Јотовски постигна победа од 2-0 во с етови и се избори за пласман во следното коло. Тој беше поуспешен од Стефан Мицов со 6:3 и 6:4 во гемови. Мечот траеше речиси два часа.
Мицов подобро го „отвори“ дуелот и поведе со 3:0 во гемови, а Јотовски направи серија од осум гема со што го доби првиот сет и поведе со 2:0 во следниот сет. Но, Мицов се врати во игра и поведе со 4:3 во гемови. Јотовски пак направи серија и го доби сетот со 6:4 во гемови.
Во следното коло Јотовски ќе игра против првиот носител Ричард Гејб од Велика Гританија.
Во двојки резултатот Јотовски, Русевски - Мицов, Зеленков беше 6:4 и 7:6 (7:1).
На нашите тенисери денеска настап во двојки имаше Горазд Србљак, кој загуби заедно Калин Манда од Романија загубија од третите носители Питер и Самуле Ботвел од Република Ирска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп на молитвениот појадок: Не можете да бидете среќни без религија, вратете го Бог во вашите животи
-
Статуата на Роналдо откриена на „Тајмс Сквер“ по повод 40-тиот роденден на Португалецот
-
Комисија од тројца судии ќе треба да испита дали имало пропусти во одлуката на судијката за предметот на Васил Јованов
-
„Адвокатот на Васо ќе објави снимка како плаче над мртвото тело, апелирам медиумите да не ја објавуваат“, напиша сестрата на Фросина
-
Дојавите за бомби во хрватските училишта биле испратени од сервер во Африка
-
Членови на семејството на Фросина во Јавното обвинителство биле информирани за текот на постапката и прибраните докази
-
Без струја утре делови од Арачиново, Илинден, Карпош и Сопиште
-
Креативците од ООУ „Гоце Делчев“ - Центар ги насликаа културните наследства во општината