-->
-->
Две победи Феникс 2010 на стартот на ропската младинска лига
-->
Две победи забелешаа младите кошаркари на Фенис 2010 во своето деби во Европската младинска лига (EYBL).
Оваа сокпска екипа која вече трета сезона се натпреварува во EYBL, сезонава ќе се настапи со четири свои селекции.
Селекцијата на играчи родени 2002 година, кои настапуваат во Дебрецен, Унгарија, каде се игра првиот турнир од А групата.
Во првиот натпревар Феникс ја совлада од екипата на Жирос Академија од Унгарија со 85:75 по четврини 18-24, 20-18, 29-15 и 18-18. Андреј Андоновски со дабл-дабл учинок од 26 поени и 11 скокови, заедно со Љубиша Димитровски кој оствари улинок од 17 поени и 8 скокови ги предводеа „Феникси“ до првата победа.
Само два часа по овој меч, Феникс го одиграа и вториот натпревар во кој беа подобри од екипата на Острава од Чешка со 90:86 по четвртини 17-19, 16-24, 27-25 и 30-18. И на овој меч Андоновски и Димитровски имаа одличен настап. Андоновски повторно со дабл-дабл учинок од 32 поени и 19 скокови, додека еден поен помалку (31) имаше Димитровски.
Утре младите „феникси“ ќе го одиграат третиот меч во кој за противник ќе ја имаат италијанската екипа Лидо ди Рома, додека во среда во последното коло од првиот турнир ќе играат против Тапиолан Хонка од Финска.
Противници во втората рунда ќе им бидат екипите на Дебрецен Академија и Алба Фехервар (Унгарија), Клуж Напока (Романија) и Јан Минхен (Германија).
Двете пропласирани екипи од оваа група, како и првите две екипи од Б групата, ќе играат на завршен плејоф турнир.
Покрај оваа селекција КК Феникс 2010 во Европската младинска лига ќе ја преставуваат и селекциите 2001-ва, 2003-та и 2004-та година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Миле Маркоски
-
Европските лидери во Лондон бараат решение за крај на војната во Украина
-
Анализа: Ќе излезе ли Европа единствена по Лондонскиот самит за Украина?
-
Владата нема да ги плаќа придонесите за минималецот
-
Трибина: Како станавме увозно зависни за храна?
-
По 23 пат во Прилеп „Карневал Прочка“
-
Наместо месечно или парцијално државата годишно ќе го набавува лекот Tрикафта за Цистична фиброза
-
Фатени 15 рибокрадци само во месец јануари