Македонија
29. August 2021 - 12:35

Две момчиња тешко повредени откако со автомобил излетале од патот Виница-Берово

Вчера во 15.50 часот на регионалниот пат Виница-Берово на место викано „Обозна“ патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(19) од с.Митрашинци, излетало од коловозот, соопштија од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Н. а со повреди се здобил сопатникот Б.З.(19) од с.Митрашинци, кои им биле констатирани од доктор во клинички центар Штип.

Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Берово.