Две момчиња избодени во Скопје, приведени двајца напаѓачи од Сарај
Во угостителски објект лоциран на бензиската пумпа на булевар „Србија“, ноќеска околу 00:05 часот, поради претходна расправија дошло до нарушување на јавниот ред и мир, помеѓу А.У.(31), А.Т.(29) и А.М.(28) сите од Скопје, од една страна и М.Б.(18) и 17-годишна девојка, двајцата од Скопје, од друга страна.
Во тој момент, М.Б. се јавил на лицата Е.Д.(21) од село Кондово и Р.И.(23) од село Сарај, кои биле во близина и веднаш пристигнале во објектот. Кога сите лица го напуштиле објектот, пред бензиската пумпа, М.Б., Р.И. и Е.Д. го нападнале А.У. и А.Т., при што Р.И. со нож им нанел повреди.
Повредените лица се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза" каде им биле констатирани телесни повреди и се задржани на понатамошно лекување.
По нападот, напаѓачите со патничко моторно возило го напуштиле местото на настанот и направиле сообраќајна незгода со друго возило.
Во ПС Аеродром се приведени Р.И. и Е.Д. Се работи на расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Советот на јавни обвинители против предлогот на премиерот Мицкоски за распуштање
-
Приватните превозници попладне ќе носат одлука дали од утре воопшто ќе возат
-
Преглед на вестите од светот
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав