-->
-->
Две млади лица убиени за време на антивладините демонстрации во Венецуела
-->
Две млади лица на 20 години се убиени вчера во антивладините протести во Венецуела, со што бројот на загинатите во протестите, кои траат два и пол месеци достигна 72 лица.
Обвинителството го потврди почетокот на истрагата за смртта на Хозе Перес, кој учествувал во студентските демонстрации во градот Рубио. Момчето било прострелано во градите, кога провладините милиции отвориле оган кон демонстрантите.
Истрага се води и за смртта на студентот Луис Вера, кој бил прегазен од автомобил додека учествувал во демонстрациите во градот Маракаибо.
Бранот од речиси секојдневни протести со барање за оставка на претседателот Николас Мадуро и предвремени избори ја зафати земјата на 1 април во атмосфера на длабока економска и политичка криза.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Отворено реновираното одделение за управни работи во зградата на МРТВ
-
За 200 евра е зголемена платата на директорот на дирекцијата за заштита и спасување, вели ССМ
-
Царинската управа во мај наплати приходи од 177,3 милиони евра - 7,3% повеќе од лани истиот период
-
Заврши учебната година - Учениците на летен распуст
-
Креиран првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари
-
Гужви за влез во Охрид поради градежни работи кај Подмоље
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен школски ден за учебната година 2024/25