Македонија
15. August 2019 - 10:40

Две лица тешко повредени во сообраќајка кај Стојаково, итно пренесени во Скопје

Вчера утро околу 06,20 часот во Полициска станица Гевгелија било пријавено дека на локалниот пат с.Богородица-с.Стојаково К.П.(32) од с.Стојаково управувајќи патничко моторно возило „Голф“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во објект сопственост на З.П. од с.Стојаково.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле К.П. и сопатникот В.П.(24) од с.Стојаково, кои биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза’’.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од Полициска станица Гевгелија.