Две лица тешко повредени во сообраќајка кај Ранковце
Две лица на педесет и две годишна возраст се потешко повредени, а едно лице се здобило со лесни телесни повреди во сообраќајната несреќа што вчера попладне се случила во атарот на селото Псача, Општина Ранковце.
Во несреќата учествувале две возила, патничко моторно возило „Тико“ и товарно возило со српски регистарски ознаки, при што тројцата повредени се превезувале со „тикото“.
-На 30 мај 2023 во 14:45 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка - Куманово, атар на село Псача, општина Ранковце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тико“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од педесет и две годишниот З.К. од Крива Паланка и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со српски национални ознаки, управувано од четириесет и осум годишниот Б.С. од Република Србија, информира Ивана Младеновска, портпарол на Секторот за внатрешни работи Куманово.
Таа изјави дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле З.К. и неговата сопатничка М.К.(52) од Крива Паланка, додека со телесни повреди се здобил сопатникот од истото возило на возраст од дваесет и една година, Д.К. од Крива Паланка. Повредените биле пренесени со возило на Итна медицинска помош Крива Паланка во Општа болница во Куманово каде се констатирани повредите.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица Крива Паланка, а во интервенцијата за извлекување се вклучила и екипа на Територијалната противпожарна единица Крива Паланка.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Слаб интерес за селекција на отпадот во Струмица
-
Гласен текстилец - и годинава ќе има злоупотреби при исплатата на К-15
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран
-
Чадот од отпад го гуши Злокуќани цела деценија: Жителите бараат итна помош од институциите
-
Меџити вчера објави дека Груби е во Албанија, денеска вели политичарите да се воздржат од коментари
-
Директорот на Детска не го добил извештајот од ДСЗИ – тврди дека починатото бебе било прегледано и од специјалист
-
Повлечен законот за средно