Две лица тешко повредени во две сообраќајки утрово во Скопје

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово во 04.45 часот на крстосницата на булевар „Јане Сандански“ и „Кузман Ј. Питу“ во скопската населба Аеродром.
Како што информираат од МВР, пред трговскиот центар „Скопјанка“ патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски таблици управувано од И.П. (45) излетало од коловозот и удрило во бетонска жардениера.
Со возило на итна брза помош И.П. е пренесен во градска болница „Св.Наум Охридски“ каде што се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на натамошно лекување.
Во 07.50 часот утрово повреден е и еден велосипедист во сообраќајка која се случила на бул. „Трета Македонска бригада“ со патничко моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки. Повредениот велосипедист е пренесен со возило на брза помош во Ургентнен центар
Ново на Сител
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, пратеник на Левица
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
-

Нов сомнителен случај западнонилска треска на Инфективна - на клиниката се хоспитализирани 17 пациенти
-

Од полноќ поскапува дизелот, а бензините поевтинуваат
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
-

Осум дена притвор за кратовчанката што незаконски наплаќаше влез во „Куклица“
-

Опозицијата обвинува за тајните преговори со Бугарија
