Две лица со тешки, осум со полесни повреди во 14 сообраќајки во Скопје
Еден пешак и еден патник во автобус се здобиле со тешки телесни повреди, а осум лица се здобиле со полесни повреди во 14 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во шест сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Според полицискиот извештај 53 возачи се движеле со поголема брзина од дозволеното, еден возач возел под дејство на алкохол, 10 возачи возеле пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило, а од сообраќај бил исклучен и еден возач почетник.
Исклучени од сообраќај биле и 11 нерегистрирани, едно возило за претовар, 81 за непрописно паркирање.
Во изминатите 24 часа со специјалното возило „пајак“ подигнати се 75 возила.
Полицијата санкционирала седум возачи кои поминале крстосница на црвено светло, четворица за неправилно престројување, еден за неправилно престигнување и 11 возачи кои не дале првенство за минување на возила во зона на крстосница.
Одделението за превенција денеска ќе реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас, престројување и брзина).
Ново на Сител
-

Приведен 67-годишник од Штип, пробал со сила да бакне 16-годишна девојка
-

Медведев: Веќе нема да важат никакви правила во војната против нацистичкиот режим во Киев
-

Мицкоски: До крајот на јуни ќе се формализира реконструкцијата на Влада
-

Мицкоски најави намалување на цената на горивата од понеделник
-

Утре сончево и топло, од понеделник променливо и нестабилно со дожд, грмежи и ветер
-

Десет лица повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово - Свети Николе
-

Претрес во Гостивар – пронајдена дрога, уапсени три лица
-

Лукашенко за заканите од Зеленски: Можеби нешто пушел или си вбризгал па дава такви изјави

